Напредок во реализацијата на зелената агенда: Портфолиото на JETIP тежи 1,77 милијарди евра со обезбедени финансиски средства за клучни енергетски проекти
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Септември 2026
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа редовен координативен состанок со партнерите на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беа анализирани досегашниот напредок, статусот на приоритетните инвестиции и клучните чекори за наредниот период.
Постигнатите резултати од последната средба во мај покажуваат видлив напредок во следењето на инвестициското портфолио, ревизијата на регулаторната рамка и развојот на проекти од областа на обновливите извори на енергија, електропреносната мрежа и складирањето на енергија.
Ажурираните податоци покажуваат дека портфолиото на платформата сега опфаќа вкупно 81 проект со проценета вредност од околу 1,77 милијарди евра, додека за проекти во вредност од околу 460 милиони евра веќе е целосно обезбедено финансирање.
Во рамките на настанот беа презентирани и стратешките чекори поврзани со подготовката на Стратегијата за декарбонизација на ЕСМ и Мастер планот за развој на електропреносната мрежа на МЕПСО.
Овие документи се од исклучително значење за координирано планирање на нови производствени капацитети, ширење на мрежата и реализација на праведната транзиција од јаглен кон чиста енергија.
Во отворената дискусија со партнерите беше истакната неопходноста од продлабочување на институционалната соработка и силна координација на техничката и финансиската поддршка со цел успешно реализирање на зацртаните цели од енергетската агенда.
Фото извор:https://energy.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













