Од вечерва терестрична дезинсекција против комарци во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 16 Септември 2026
Градот Скопје од вечерва започнува со терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.
Прскањето ќе се врши од 16 до 19 септември, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден со поволни услови, во истиот термин.
Градот ги известува и пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













