Нова фекална канализација се гради во населбата Јака

Во населбата Јака, Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за унапредување на комуналната инфраструктура.

 

Во тек е изградба на нова линија за фекална канализација на крак од улицата „116“.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, извршил увид во градежните активности на терен.

 

Новата канализациона мрежа ќе биде долга околу 180 метри и ќе се изведува со полиетиленски цевки со профил Ø250.

 

По завршувањето на работите, новоизградената линија ќе биде приклучена на постојниот систем за фекална канализација во населбата.

 

Од Општина Илинден посочуваат дека инвестициите во комуналната инфраструктура имаат за цел постепено модернизирање и проширување на мрежата, подобрување на условите за живот и поголема заштита на животната средина.

 

Градоначалникот Георгиевски нагласува дека ваквите инфраструктурни проекти остануваат меѓу приоритетите на општината, со цел обезбедување поквалитетни и пофункционални услови за секојдневниот живот на жителите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.