Општина Илинден: Продолжен дневен престој во сите основни училишта и нови инвестиции во ООУ „Браќа Миладиновци“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во новореализираните инвестиции во ООУ „Браќа Миладиновци“, со кои од новата учебна година продолжениот дневен престој е овозможен во сите основни училишта на територијата на општината.

 

Во рамките на зафатите целосно се реновирани три училници и е опремена специјализирана просторија за продолжен престој, со што се заокружува целта за обезбедување современа, функционална и пријатна средина за учење за сите ученици.

 

Дополнително, во централното училиште започна партерно уредување на дворот со бекатон-плочки и поставување на нов летниковец, а слични активности за подобрување на функционалноста и безбедноста се реализирани и во подрачното училиште ПООУ „Браќа Миладиновци“ во селото Текија.

 

Георгиевски нагласи дека локалната самоуправа продолжува со континуирани инвестиции во образовниот сектор за создавање уште подобри услови за развој на најмладите. 

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.