Општина Илинден: Почна изградбата на нов парк во Миладиновци
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 31 Август 2026
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше за почетокот на реализацијата на проектот за изградба на нов парк во Миладиновци, со кој досегашниот простор добива целосно нов изглед, функција и намена.
Со овој зафат, кој претставува исполнување на важно предизборно ветување, просторот ќе биде целосно уреден со нови зелени површини, пешачки патеки и соодветна урбана опрема, со што се создава побезбедна и поквалитетна средина за секојдневието на жителите.
Георгиевски нагласи дека локалната самоуправа продолжува со посветена работа на создавање похумани и функционални услови низ целата општина.
Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













