Општина Илинден: Започна изградбата на улица „3“ во економската зона „Марино – Кадино“
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 31 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше за почетокот на изградбата на улица „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“.
Проектот предвидува целосна изградба на улица во должина од околу 400 метри и ширина од 7 метри, како и поставување систем за прифаќање на атмосферските води.
Георгиевски нагласи дека новата сообраќајна инфраструктура ќе обезбеди подобра пристапност, побезбеден сообраќај и подобра логистичка поврзаност меѓу деловните капацитети, со што ќе се зголеми функционалноста на зоната и ќе се создадат услови за нови инвестиции и економски раст.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













