Општина Илинден: Успешно реализирана хуманитарната акција „Подај рака-хумана општина Илинден“

По повод големиот национален и христијански празник Илинден, во Општина Илинден се спроведе голема хуманитарна акција под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден“, во чии рамки беа обезбедени и дистрибуирани околу 70 хуманитарни пакети наменети за ранливите категории граѓани.

 

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании и граѓани кои со своите донации овозможија успешно спроведување на акцијата, нагласувајќи дека овие празнични денови се потсетник за значењето на меѓусебната солидарност и хуманост.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.