Општина Илинден: Започна асфалтирањето на улица „5“ во Кадино
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 29 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше за почетокот на асфалтирањето на улица „5“ во Кадино, со што продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура.
Градежните активности опфаќаат санација и асфалтирање на дел од улицата во должина од 310 метри, кој претходно бил оштетен при изведбата на приклучоци на примарната фекална мрежа.
Георгиевски нагласи дека интензивните активности за изградба, реконструкција и санација на патна и комунална инфраструктура продолжуваат и во текот на ова работно лето, со цел да се обезбедат поквалитетни услови за живот за сите жители на Општина Илинден.
Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













