Премиерот Мицкоски и министерот Велковски во посета на Општина Илинден: Увид во капиталните проекти и проширувањето на градинката
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 28 Јули 2026
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за социјала, млади и демографија, Ѓоко Велковски, остварија работна посета на Општина Илинден, каде заедно со градоначалникот Александар Георгиевски извршија увид во тековните капитални инфраструктурни проекти.
Делегацијата ја посети локацијата на новиот стадион и други инфраструктурни точки, а на крајот ја обиколи и детската градинка „Гоце Делчев“, каде се реализираат активности за проширување и унапредување на капацитетите.
Градоначалникот Георгиевски изрази голема благодарност до премиерот и министрите за поддршката во реализацијата на овие проекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













