Општина Илинден четврта година по ред ќе доделува финансиска поддршка за успешни спортисти
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 27 Јули 2026
Општина Илинден објави јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општината, продолжувајќи ја оваа мерка четврта година по ред.
Како што информира градоначалникот Александар Георгиевски, целта е да се оддаде признание на спортистите кои постигнале значајни резултати на домашни и меѓународни натпреварувања, но и да се поттикнат нови спортски успеси.
Право на учество имаат спортисти од Општина Илинден кои настапиле на Олимписки игри, светски, европски, балкански и национални првенства, без ограничување на возраста, а ќе се земаат предвид резултатите остварени во тековната и претходните три години.
Финансиската поддршка е распределена во пет категории, при што највисокиот износ достигнува 150.000 денари, а најнискиот 40.000 денари, во зависност од постигнатите спортски резултати.
Јавниот повик ќе биде отворен до 15 септември 2026 година.
Заинтересираните спортисти своите барања можат да ги достават во предвидениот рок, а дополнителни информации се достапни во просториите на Општина Илинден и на нејзината официјална интернет-страница.
Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













