Општина Илинден со македонските ѕвезди Јордан Митев и Антониа Гиговска го прослави празникот Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека општината со многу народ, забава и радост го прославила својот патронен празник, воедно поврзан со големиот национален и христијански празник Илинден.

 

За прекрасната атмосфера биле задолжени македонските музички ѕвезди Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои со своите спектакуларни настапи приредиле незаборавна вечер за присутните.

 

Георгиевски истакна дека Илинден е симбол на слободата, достоинството и заедништвото, вредности врз кои се темели целокупниот развој на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.