Во тек реконструкцијата на Домот на култура во Кадино
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 21 Јули 2026
Општина Илинден продолжува со обновата на домовите на културата, а во тек се градежни работи на објектот во населеното место Кадино, со цел подобрување на условите за организирање културни, општествени и јавни настани.
Проектот опфаќа повеќе зафати, меѓу кои реконструкција на фасадата, молерисување на внатрешните простории, поставување нови ПВЦ врати и прозорци, како и санација на електричната инсталација.
Предвидена е и замена на вертикалните олуци, чистење на постојните хоризонтални олуци, поставување нов лим за симс, изработка на нова ограда и поставување плочки на надворешните скали.
При увидот на градежните активности, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изјави дека со реконструкцијата Домот на култура ќе добие помодерен и пофункционален изглед, ќе се подобри енергетската ефикасност и безбедноста на објектот, а граѓаните ќе добијат поквалитетен простор за реализација на различни активности.
Од Општина Илинден посочуваат дека инвестициите во реконструкција и модернизација на јавните објекти продолжуваат и во наредниот период, со цел унапредување на условите за културниот и општествениот живот во сите населени места.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













