Јордан Митев и Антониа Гиговска ќе ја збогатат прославата на Денот на Општина Илинден
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 20 Јули 2026
Свеченоста ќе се одржи во петок, 24 јули 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на новиот парк-плоштад во населеното место Марино.
Пред присутните ќе настапат познатите македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе понудат музичка програма наменета за посетители од сите генерации.
Во рамките на одбележувањето ќе биде прикажана и видео-презентација преку која ќе бидат претставени реализираните проекти, капиталните инвестиции и развојните активности спроведени во Општина Илинден во изминатиот период.
Посебен дел од програмата ќе биде и настапот на музичкиот хор составен од ученици од општинските основни училишта.
Од Општина Илинден ги поканија граѓаните да присуствуваат на свеченоста и заеднички да го одбележат празникот во духот на заедништвото, традицијата и понатамошниот развој на општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













