Во Кадино почна изградбата на препумпен уред за фекална канализација

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино, како дел од активностите за унапредување на комуналната инфраструктура.

 

Проектот е дел од пошироката реализација на канализациската мрежа во Кадино. Препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе изградениот крак К4, кој е долг околу 2,5 километри и располага со 50 шахти, овозможувајќи приклучување на околу 100 домаќинства.

 

Со новата инфраструктура ќе бидат опфатени улиците „1“, „2“ и „3“. Отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во Кадино, каде ќе се врши нивниот третман и прочистување.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи и истакна дека инвестициите во канализациската инфраструктура се значајни за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за поголема заштита на животната средина преку современ систем за управување со отпадните води.

 

Од Општина Илинден најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализациската мрежа во сите населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.