Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на прославата на Денот на Општина Илинден
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 16 Јули 2026
Општина Илинден ги продолжува подготовките за одбележувањето на „Илинден – 2 Август“, Денот на Општината, кој ќе се прослави на 24 јули со богата културно-уметничка програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино.
Настанот ќе започне во 20 часот и е наменет за сите граѓани.
Во пресрет на прославата, градоначалникот Александар Георгиевски оствари средба со македонските музички изведувачи Антониа Гиговска и Јордан Митев, кои ќе бидат дел од музичката програма.
На средбата било разговарано за нивниот настап, преку кој посетителите ќе имаат можност да ги слушнат нивните најпознати песни.
Од Општина Илинден посочуваат дека со организирањето на вакви манифестации продолжуваат да вложуваат во развојот на културниот и општествениот живот, истовремено поддржувајќи ја домашната музичка сцена и создавајќи простор за заедничко дружење.
Општината упати покана до сите граѓани да бидат дел од прославата и заедно да ја одбележат општинската слава во празнична атмосфера.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













