Започна реконструкцијата на спортското игралиште во Марино

Општина Илинден започна со реконструкција на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта.

 

Со проектот, жителите ќе добијат обновен и современо уреден простор за спорт и рекреација.

 

Предвидена е целосна обнова на теренот и спортската опрема, што вклучува поставување нова заштитна мрежа, реконструкција на металната конструкција, замена на кошаркарските табли и обрачи, поставување нови голови, како и нова вештачка трева на површина поголема од 920 квадратни метри и пластични спортски плочки на повеќе од 430 квадратни метри.

 

Проектот опфаќа и подготовка на асфалтната подлога и поставување нови метални профили.

 

Градоначалникот Александар Георгиевски изјави дека општината продолжува со инвестиции кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, нагласувајќи дека реконструираното игралиште ќе обезбеди современи и безбедни услови за спорт, рекреација и активно поминување на слободното време.

 

Од Општина Илинден посочуваат дека обновата на игралиштето во Марино е дел од пошироката стратегија за модернизација на спортската инфраструктура во сите населени места, со цел создавање поквалитетни услови за спорт и здрав живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.