Општина Илинден доби 360° визуелен водич за дигитална промоција на туристичките потенцијали
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 13 Јули 2026
Општина Илинден ја унапреди својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, во рамки на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.
Новата дигитална платформа им овозможува на посетителите интерактивно да ги разгледаат природните и културните знаменитости, како и јавните содржини на територијата на општината.
Преку виртуелните прошетки може да се запознаат населените места, образовните институции, спортските терени, парковите, верските објекти и други значајни локации.
Водичот опфаќа околу 250 интерактивни панорами снимени со 360° технологија од воздух, како и виртуелни обиколки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците да ја истражат Општина Илинден од која било локација во светот.
Од општината најавуваат дека во наредниот период содржините ќе бидат дополнително проширени со нови локации и објекти од сите населени места.
Со овој проект, Општина Илинден ја потврдува својата определба за користење современи дигитални решенија во промоцијата на локалните потенцијали, со цел зголемување на туристичката препознатливост и подобра презентација на општината пред домашната и меѓународната јавност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













