Нова асфалтирана улица во стопанската зона во Илинден за подобра поврзаност на компаниите

Општина Илинден ја заврши изградбата на асфалтниот коловоз на улицата „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, како дел од активностите за унапредување на инфраструктурата во стопанските зони.

 

Извршениот зафат опфаќа улица со должина од околу 450 метри и широчина на коловозот од шест метри.

 

Во увид на градежните работи беше и градоначалникот Александар Георгиевски, кој посочи дека оваа сообраќајница има значајна улога во поврзувањето на компаниите што работат во зоната.

 

Според Општината, новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните капацитети, побезбедно одвивање на сообраќајот и поефикасно функционирање на стопанските субјекти.

 

Со оваа инвестиција, Општина Илинден продолжува да вложува во развојот на локалната патна инфраструктура, со цел создавање подобри услови за работа на компаниите и поттикнување на економскиот развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.