Почна реконструкцијата на Домот на култура во Мралино

Општина Илинден започна со целосна реконструкција на Домот на култура во Мралино, како дел од програмата за обнова на културните објекти низ населените места во општината.

 

Со проектот е предвидена санација на кровот со поставување нов пластифициран лим, како и замена на хоризонталните и вертикалните олуци, со што ќе се подобри заштитата и долговечноста на објектот.

 

Воедно ќе бидат поставени нови ПВЦ врати и прозорци, ќе се обноват надворешните скали и терасата со нови плочки, а ќе биде поставена и нова заштитна ограда.

 

Реконструкцијата опфаќа и обновување на фасадата, како и целосно уредување на внатрешноста.

 

Предвидени се поставување гипс-картон, глетување и бојадисување на ѕидовите, како и изведба на нов систем за внатрешно осветлување, со што просторот ќе добие помодерен и пофункционален изглед.

 

При увидот на градежните работи, градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека инвестицијата има за цел да создаде подобри услови за одржување културни настани и активности, овозможувајќи им на жителите современ простор за дружење и културен живот.

 

Средствата за реконструкцијата се обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

 

Во изминатиот период веќе беа обновени домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а локалната самоуправа најавува дека обновата ќе продолжи и во останатите населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.