Илинден ја реконструира улицата „9“ и ја модернизира водоводната мрежа
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 24 Јуни 2026
Општина Илинден започна целосна реконструкција на улицата „9“ во населба Илинден, во должина од околу 1.100 метри. Проектот опфаќа нов коловоз, тротоари од двете страни и подобрување на сообраќајната безбедност.
Паралелно се обновува и водоводната мрежа во должина од 1.200 метри, со што ќе се обезбеди поквалитетно и посигурно водоснабдување и ќе се решат долгогодишните проблеми со притисокот на водата.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека станува збор за значаен инфраструктурен проект, бидејќи улицата претставува важна сообраќајна врска и води до повеќе јавни институции во општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













