Штабот за заштита и спасување во Илинден ги координира превентивните мерки против пожари пред претстојниот бран високи температури

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, под претседателство на градоначалникот и командант на Штабот, Александар Георгиевски.

 

На состанокот присуствуваа претставници на локалната општинска администрација, раководители на јавните претпријатија, како и претставници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Општинскиот противпожарен сојуз и Полициската станица Петровец.

 

Поради специфичноста на теренот и индустриските капацитети во овој регион, во координацијата се вклучија и претставници на големите компании „ОКТА“, „Макпетрол“ и „ТАВ Македонија“.

 

Главен фокус на седницата беше ставен на дефинирање на насоките за превенција, како и на обезбедувањето навремени и ефикасни протоколи за справување со евентуални природни непогоди и други вонредни состојби.

 

Членовите на Штабот детално ги анализираа плановите за подготвеност пред претстојниот летен период кој со себе носи високи температури и зголемен ризик од појава на шумски пожари и пожари на отворен простор на територијата на целата општина.

 

Паралелно со мерките за заштита од пожари, на состанокот се разговараше и за техничка подготвеност за справување со локални поплави, кои можат да настанат како последица на ненадејни летни невремиња и нестабилни атмосферски влијанија.

 

Од Општина Илинден потенцираат дека локалната самоуправа преку ваквите редовни координации останува посветена на унапредување на целокупниот систем за управување со кризи, со цел максимална заштита на имотот, животната средина и безбедноста на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.