Општина Илинден додели субвенции за 67 нови велосипеди
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 04 Јуни 2026
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 решенија за доделување еднократна парична помош на граѓани кои набавиле велосипеди во рамки на општинската програма за субвенционирање.
Со оваа мерка, која се реализира и годинава, општината има цел да го поттикне користењето велосипеди како еколошки и здрав начин на превоз, истовремено придонесувајќи за намалување на загадувањето и унапредување на животната средина.
Субвенционирањето е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик на крајот на април, право на финансиска поддршка добија 67 апликанти кои ги исполнија предвидените услови и доставија комплетна документација.
Поддршката изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но најмногу до 4.000 денари по корисник. Од Општина Илинден ги повикаа граѓаните кои добиле субвенција да ги подигнат своите решенија од општинската архива, по што ќе следува исплатата на одобрените средства.
Локалната самоуправа посочува дека преку ваквите мерки продолжува да ги поддржува здравите животни навики и одржливите форми на транспорт меѓу жителите на општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













