Камениот мост добива нов сјај, започна архитектонското осветлување
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 14 Септември 2026
Камениот мост во Скопје ќе добие нов изглед во вечерните часови. Денеска започнаа активностите за негово декоративно и архитектонско осветлување, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Според Ѓорѓиевски, современото осветлување ќе биде усогласено со архитектонските карактеристики и историската вредност на мостот, со посебно истакнување на неговите препознатливи сводови.
Проектот, како што наведува, е резултат на соработката со Општина Есенлер од Турција, со која неодамна бил потпишан Протокол за соработка. Ѓорѓиевски упати благодарност до општината за поддршката, како и до институциите и стручните лица вклучени во реализацијата.
„Камениот мост е еден од симболите на Скопје. Наша обврска е да ги чуваме и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации“, порача Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















