По прославата со Дејвид Гета, Скопје се чистеше до раните утрински часови
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 09 Септември 2026
По големата прослава на 35-годишнината од независноста и концертот на Дејвид Гета, екипите на Град Скопје веднаш започнаа со расчистување на просторот околу стадионот „Тодор Проески“ и во Градскиот парк.
Акцијата траела до раните утрински часови, а утрово просторот повторно бил чист и уреден, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на работниците кои ноќта ја поминале на терен, нагласувајќи дека „крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот“.
„Грижата за Скопје не запира“, порача градоначалникот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















