Град Скопје: Потпишан историски договор за набавка на 3.300 нови контејнери по двојно пониска цена
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 07 Септември 2026
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека е потпишан договорот за набавка на 3.300 нови контејнери за отпад, што претставува најголема набавка од ваков тип во изминатите години, насочена кон темелно унапредување на комуналниот систем и трајно решавање на проблемите со хигиената во главниот град.
Ѓорѓиевски нагласи дека новите контејнери се обезбедени по цена од 9.600 денари по парче, што е речиси двојно поевтино во споредба со претходните набавки кои надминувале 18.000 денари, наспроти податокот дека во минатите 12 години биле набавени едвај околу 1.300 контејнери.
Со ова домаќинско управување, во комбинација со новонабавените возила за ЈП „Комунална хигиена“, се создаваат услови за почисти населби, навремено празнење на отпадот и подобри услови за работа на комуналните екипи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















