Општина Гази Баба: Изградба на нови пристапни пешачки патеки со павер елементи во Автокоманда
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 04 Август 2026
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше за почетокот на градежните активности за изградба на нови пристапни патеки со павер елементи во населбата Автокоманда.
Со овие зафати се уредува јавниот простор со цел обезбедување современи и безбедни пешачки патеки кои овозможуваат полесно движење за лицата со попреченост, повозрасните граѓани и родителите со детски колички.
Стефковски потсети дека слични проектни активности веќе се реализирани и во населбата Ченто, а по завршувањето на работите во Автокоманда, изградбата на инфраструктурата ќе продолжи и во другите населени места низ општината, потврдувајќи ја посветеноста кон рамномерен развој и подобрување на квалитетот на живот на сите жители.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















