Општина Гази Баба доделува по 3.000 денари за секое прваче за новата учебна година

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека општината доделува финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче како помош за семејствата на почетокот од новата учебна година.

 

Целта на мерката е секое дете да го започне образованието со насмевка, а родителите да добијат олеснување во подготовките за првиот училишен ден.

 

Стефковски ги повика сите родители кои имаат запишано дете во прво одделение да ја искористат оваа можност и да аплицираат, нагласувајќи дека образованието останува најдобрата инвестиција за иднината на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.