Раст на извозот и увозот во првите седум месеци од 2026 година
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 05 Септември 2026
Извозот и увозот на стоки во Македонија бележат раст во периодот јануари–јули 2026 година во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците за надворешнотрговската размена.
Вкупната вредност на извозот изнесува 314.660,2 милиони денари, што претставува пораст од 8,45 проценти во однос на периодот јануари–јули 2025 година.
Во истиот период, вредноста на увезената стока достигнала 443.910,2 милиони денари, односно за 7,93 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Кај увозот најзастапени се платината и легурите на платина, другите метали од платинската група и нивните легури, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, како и други моторни возила за превоз на лица.
Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најголеми трговски партнери во првите седум месеци од годината биле Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,4 проценти во вкупната размена.
Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,7 проценти во вкупниот обем на надворешнотрговската размена на земјата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















