Македонската градежна оператива во странство со пад од 57 отсто во првата половина од годината

Македонската градежна оператива во периодот јануари – јуни 2026 година извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12,873 милиони денари, што претставува намалување од 57 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12,875 милиони денари, што е за 76,5 отсто помалку во однос на првите шест месеци од 2025 година.

Податоците покажуваат значителен пад и кај веќе извршените градежни работи и кај вредноста на новодоговорените работи на странските пазари.

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, се пресметани врз основа на паритетот 1 американски долар = 52,3050 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.