Нов систем за полевање на 2,5 километри во Ново Лисиче

Во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“ и околу спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“, се поставува нов систем за полевање на зелените површини.

Системот ќе биде долг околу 2,5 километри и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што треба да се овозможи редовно, рамномерно и поефикасно полевање и одржување на тревниците и зеленилото.

Во текот на денот увид во активностите изврши градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Од општината посочуваат дека станува збор за простор кој секојдневно го користат голем број жители, меѓу кои деца, родители и рекреативци, а во негова близина се наоѓа и детско игралиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.