Здравје/Фитнес

Нови содржини во апликацијата „Беббо“: Повеќе информации и поддршка за родителите и доилките

Институтот за јавно здравје продолжува да ја надградува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат брз и лесен пристап до сигурни, проверени и научно засновани информации за здравјето, растот и развојот на децата.

По повод Светската недела на доењето, апликацијата е збогатена со нови содржини кои нудат дополнителна едукација и поддршка за родителите. Меѓу новитетите се прашалникот „Доење: практики, искуства и потешкотии“, информации за штетното влијание на пушењето, алкохолот и дрогата за време на доењето, совети за млечните запчиња и првата посета на стоматолог, како и информации за инфо-линијата за откажување од пушење кај доилки.

Во апликацијата се достапни и едукативни содржини посветени на здравиот раст и правилниот развој на децата, со што „Беббо“ продолжува да биде корисен дигитален водич за семејствата.

Од Институтот за јавно здравје истакнуваат дека апликацијата е создадена да биде сигурен партнер на родителите уште од периодот на бременоста, па сè до раното детство на детето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.