Здравје/Фитнес

Постете безбедно: Препораки за здравје и благосостојба за време на пост

Постот може да биде благослов за духот и телото, но за да ги постигнете неговите позитивни ефекти без ризици по здравјето, важно е да следите неколку клучни препораки.

Институтот за јавно здравје ги истакнува најважните насоки кои ќе ви помогнат да го практикувате постот на најбезбеден и најздрав начин.

Ризиците на кои треба да внимавате: Иако постот може да носи бројни духовни и физички придобивки, неправилно планираната исхрана може да доведе до пад на енергијата, дехидратација и недостаток на важни нутриенти. Токму затоа, внимателно организирање на оброците е клучно!

Како да постите на здрав начин: Планирајте ја исхраната однапред, внесувајте растителни извори на протеини и минерали, како што се леќа, грав и киноа, и избегнувајте пржена и засладена храна која може да ја наруши вашата хидратација. Во текот на постот, важно е да се одржува редовен внес на течности – првенствено вода, а билни чаеви и супи ќе помогнат за дополнителна хидратација.

Практични совети: По подолги периоди на воздржување од храна, започнете со лесни оброци како супи и овошје, а постепено додавајте покалорични јадења. Следете ги сигналите на вашиот организам и, ако се почувствувате слаби или имате вртоглавица, направете пауза и консултирајте се со лекар.

Дополнителна поддршка: За сите кои практикуваат пост со ограничена исхрана, може да се разгледа и употребата на додатоци на исхраната (витамини, минерали, омега 3) – но, секогаш во косултација со лекар.

Постот не треба да биде предизвик за вашето здравје, туку начин за ослободување на телото и умот. Следете ги овие препораки и направете го секој пост здрав и балансиран!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.