Ален Рустемовски во полуфинале во Таранто, Македонија има нов медал!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски обезбеди пласман во полуфиналето на Медитеранските игри во Таранто и со тоа официјално обезбеди медал за Македонија.

Рустемовски ќе се бори во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, каде за противник ќе го има Шпанецот Еварт Андрес Марин Хернандез. Мечот е закажан за 15:00 часот.

Без разлика на исходот во полуфиналната борба, Рустемовски веќе има обезбедено најмалку бронзен медал, со што Македонија продолжува со успешниот настап на Медитеранските игри во Таранто.

Во истата категорија, во второто полуфинале ќе се сретнат Мехметхан Џинар од Турција и Микеле Балдаси од Италија.

Браво, Ален! Македонија има уште еден медал од Таранто! 🇲🇰🥊🏅





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.