Македонија поразена од Турција со 3:0 на Медитеранските игри
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 25 Август 2026
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Турција со 3:0 во вториот натпревар од групната фаза на Медитеранските игри во Таранто.
Најзаслужен за победата на Турција беше Оздер Озачан, кој ги постигна сите три гола за својата репрезентација.
Озачан погоди од пенал во 26. минута, а Турците пред паузата стигнаа и до втор гол, во 42. минута.
Македонија имаше свои шанси во првото полувреме, но Манојлов и Арифи не успеаја да ги реализираат најдобрите можности.
Конечниот резултат беше поставен во 59. минута, кога Озачан по третпат ја затресе македонската мрежа.
Во вториот натпревар од групата, Тунис го совлада Мароко, со што шансите на Македонија за пласман во полуфиналето се сведени на минимум.
Пред последното коло, Турција и Тунис имаат по четири бода и во меѓусебниот дуел ќе решаваат за првото место. Мароко е трет, а Македонија четврта.
Македонија и Мароко ќе се соочат во последниот натпревар во групата в среда од 10:30 часот.
Фото: ФФМ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













