Вејсели и Хајдари во финале – Македонија обезбеди два медала на Медитеранските игри
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 23 Август 2026
Борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари обезбедија најмалку сребрени медали за Македонија на Медитеранските игри „Таранто 2026“, откако се пласираа во финалето во своите категории.
Вејсели (до 74 кг) го совлада Турчинот Јасин Јесил со 5-3, додека Хајдари (до 97 кг) беше подобар од Французинот Адлан Висханов со 3-2. Двајцата утре ќе се борат за злато – Вејсели од 18:40 часот, а Хајдари од 19:20 часот.
Дополнителна шанса за медал има и Ахмад Магомедов (до 86 кг), кој утре од 18:50 часот ќе се бори за бронзата против Италијанецот Габриеле Николини.
Фото: MOK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















