ПСЖ пред реализација на трансферот на Феран Торес – испратена официјална понуда од 50 милиони евра

Како што пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Пари Сен Жермен е во завршна фаза од преговорите со Барселона за ангажман на Феран Торес, откако францускиот клуб испрати официјална понуда во вредност од 50 милиони евра.

 

Од раководството на ПСЖ го гледаат овој трансфер како врвна можност по таа цена, со оглед на тоа што шпанскиот напаѓач има уште една година од договорот, додека во нормални околности неговата вредност би изнесувала меѓу 70 и 80 милиони евра.

 

Самиoт Феран Торес веќе кажал да за преселба на „Паркот на принцовите“ и ги договорил сите детали околу личните услови, а сега само го чека зеленото светло за да отпатува во Париз. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.