Македонските кадети со признание за успешниот настап на Европското првенство
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 10 Август 2026
Македонската машка кадетска репрезентација испиша успешна приказна на EHF EURO 2026, каде што го освои деветтото место и обезбеди настап на Светското првенство во 2027 година.
По враќањето од шампионатот, младите ракометари и стручниот штаб беа пречекани во Ракометната федерација на Македонија, каде што добија честитки за прикажаната борбеност и посветеност.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе за постигнатиот резултат и им посака уште поголеми успеси во продолжението на нивните репрезентативни кариери.
Со деветтото место на Европското првенство, оваа генерација не само што оствари добар пласман, туку и го потврди своето место меѓу најдобрите со обезбедениот билет за кадетскиот Мундијал во 2027 година.
Фото извор: https://www.facebook.com/rfmofficial
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













