Игор Марковиќ е нов селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија го назначи Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација.

 

Црногорскиот стручњак на функцијата доаѓа со богато играчко и тренерско искуство, како и со значајни резултати остварени на меѓународната сцена.

 

Марковиќ, кој во играчката кариера настапуваше за Ловќен, Будуќност, Ал-Курине и Комлои Бањаш, повеќе од една деценија беше репрезентативец на Црна Гора, настапувајќи на светски и европски првенства.

 

По завршувањето на кариерата во 2022 година, целосно се посвети на тренерската работа, предводејќи ги младинските женски селекции на Црна Гора.

 

Како селектор на младинската репрезентација, Марковиќ забележа неколку значајни успеси, меѓу кои шестото место на Европското првенство во 2023 година и историското петто место на Светското првенство за ракометарки до 20 години во Кина во 2026 година.

 

Во меѓувреме беше дел и од стручниот штаб на романскиот Рапид Букурешт, каде стекна дополнително искуство работејќи во ЕХФ Лигата на шампионите.

 

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, изјави дека Марковиќ е тренер со докажани квалитети и професионален пристап, изразувајќи уверување дека ќе изгради конкурентен тим пред претстојните настапи на турнирот „Трофеј Македонија“ и Европското првенство.

 

Новиот селектор порача дека претставува голема чест да ја предводи македонската женска репрезентација и најави максимална посветеност во подготовките за претстојните предизвици, со цел тимот да напредува и достојно да ја претставува Македонија на меѓународните натпреварувања.

 

Фото извор: 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.