Македонските кадети отпатуваа за Белград: Стартуваат на EHF EURO 2026 против Словенија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска замина за Белград, Србија, каде од утре (29 јули) ќе започне со настапите на Европското првенство – EHF EURO 2026.

 

Младите ракометари ги очекуваат три натпревари во групната фаза: на 29 јули со почеток во 12:00 часот играат против Словенија, на 30 јули во исто време противник е селекцијата на Франција, додека на 1 август во 12:00 часот ќе се соочат со репрезентацијата на Шведска.

 

На кадетите и стручниот штаб им се посакува среќен пат и многу успех на претстојното европско првенство.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/rfmofficial





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.