Познати двојките за 1/16-финалето на Светското првенство – нè очекуваат дерби пресметки и можни изненадувања

Заврши групната фаза на Светското првенство, а познати се сите двојки за 1/16-финалето, каде што започнува елиминациската битка за место меѓу најдобрите. Пред љубителите на фудбалот се 16 возбудливи натпревари, во кои фаворитите ќе се обидат да ја оправдаат својата улога, но секогаш постои простор и за сензација.

Најголемо внимание привлекуваат дуелите меѓу Португалија и Хрватска, Франција и Шведска, како и пресметката меѓу Белгија и Сенегал, додека Шпанија ќе се соочи со Австрија, а Аргентина ќе игра против селекцијата на Островите Капо Верде.

Фаворитите Бразил, Германија, Англија и Колумбија на хартија имаат полесни задачи, но елиминациската фаза често знае да донесе големи изненадувања.

 

Двојки за 1/16-финалето:

 

Јужна Африка – Канада (28 јуни, 21:00)

Бразил – Јапонија (29 јуни, 19:00)

Германија – Парагвај (29 јуни, 22:30)

Холандија – Мароко (30 јуни, 15:00)

Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (30 јуни, 19:00)

Франција – Шведска (30 јуни, 23:00)

Мексико – Еквадор (1 јули, 15:00)

Англија – ДР Конго (1 јули, 18:00)

Белгија – Сенегал (1 јули, 22:00)

САД – Босна и Херцеговина (2 јули, 14:00)

Шпанија – Австрија (2 јули, 21:00)

Португалија – Хрватска (3 јули, 13:00)

Швајцарија – Алжир (3 јули, 17:00)

Австралија – Египет (3 јули, 20:00)

Аргентина – Острови Капо Верде (4 јули, 00:00)

Колумбија – Гана (4 јули, 03:30)

 

Од оваа фаза нема простор за поправен испит – секој натпревар е елиминациски, а победниците ќе го продолжат патот кон светската титула. Очекувањата се за спектакуларни натпревари, неизвесност и нови херои на најголемата фудбалска сцена.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.