Дарио Иваноски и Греса Бакраци победници на јубилејниот „Охрид Ранинг Викенд 2026“
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 08 Јуни 2026
Со одлична атмосфера, голем број учесници и спортски возбудувања беше одбележано јубилејното издание на спортската манифестација Охрид Трчат, која и оваа година ги собра љубителите на трчањето во Охрид.
Во главната трка на 21 километар во машка конкуренција, победата ја освои Дарио Иваноски со време од 1 час, 10 минути и 46 секунди, додека кај жените најбрза беше Греса Бакраци, која патеката ја истрча за 1 час, 31 минута и 35 секунди.
Во тим-билдинг конкуренцијата на полумаратонот, првото место кај мажите му припадна на АК Скопски Маратон со вкупно време од 5:22:38, додека кај жените најдобар резултат оствари тимот AC Atomic со време од 7:29:34.
Во штафетните трки на 21 километар, победници кај мажите беа Korruners & Atomic со резултат 1:26:37, кај жените триумфираше MS_RUN со 1:41:06, а во мешана конкуренција најбрз беше тимот Битола трча со време од 1:29:44.
На трката на 5 километри во машка конкуренција славеше Григоријан Никовски со време од 18 минути и 2 секунди, додека кај жените победничка беше Матеја Ефремовска со резултат од 23 минути и 44 секунди.
Во тим-билдинг категоријата на 5 километри, најдобар машки тим беше РШ Седмерец – Охрид со време од 1:26:47, а кај жените првото место го освои 3 Disciplines со резултат од 1:48:52.
Организаторите им честитаа на победниците и им се заблагодарија на сите учесници кои беа дел од спортскиот викенд, оценувајќи го настанот како уште едно успешно издание исполнето со спортски дух, дружење и позитивна енергија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















