Бутел и Косово ја продлабочуваат соработката, најавени нови заеднички проекти

Амбасадорот на Република Косово, д-р Флориан Ќехаја, денеска беше во посета на Општина Бутел, при што го посети и основното училиште „Лиман Каба“.

 

Средбата беше можност за разговор за продолжување на успешната соработка и отворање нови перспективи во повеќе области, меѓу кои образованието, локалниот развој, инфраструктурата, економијата, културата и младите.

 

Од Општина Бутел посочуваат дека досегашното партнерство со косовските општини веќе донело конкретни резултати, вклучително и проекти поддржани од Европската Унија во областа на заштитата на животната средина и управувањето со отпадот.

 

Градоначалникот Дарко Костовски нагласува дека со отворен дијалог и нови партнерства ќе продолжат активностите за реализација на проекти што ќе носат директна корист за граѓаните.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.