Бесплатен престој во градинка за децата Роми во Гази Баба

Децата Роми од Општина Гази Баба ќе имаат целосно бесплатен престој во детска градинка, преку проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“.

Денеска во Клубот на пратеници градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, го потпиша договорот за поддршка на проектот, со кој се обезбедува бесплатна инклузија и престој на децата во предучилишното образование.

Мерката ќе се реализира во клоновите на ЈУДГ „25 Мај“. За родителите, тоа значи ослободување од плаќањето на надоместокот за престој на нивните деца во градинка.

Од Општина Гази Баба велат дека целта е да се обезбедат еднакви можности за сите деца и уште од најрана возраст да се создаваат услови за заедничко учење, дружење и развој.

„Секое дете е важно. Секое дете има потенцијал. Секое дете заслужува можност“, порачаа од Општина Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.