Карпош горд на младите научници: Учениците од „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

Во училиштето денеска се одржа свеченост по повод успехот на учениците од 4-а одделение, кои освоија престижно признание на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин.

 

Под менторство на наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски, учениците го реализираа проектот „Нашето патување на Јупитер“, со кој ја претставија својата креативност, знаење и интерес за науката пред учесници од меѓународната образовна заедница.

 

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, кој им ги додели пофалниците на учениците за нивниот успех.

 

Лукровски упати честитки до учениците и нивните ментори, истакнувајќи дека ваквите резултати се потврда дека со знаење, посветеност и поддршка младите можат да постигнуваат значајни резултати и надвор од границите на земјата.

 

Успехот на учениците претставува дополнителен поттик за развивање на нивниот интерес кон науката и истражувањето, но и убав пример дека талентот на најмладите може успешно да биде препознаен и на меѓународната сцена.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.