„Мојот внатрешен чувар“ – Креативна работилница за храброст и сигурност

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ беше реализирана психолошка креативна работилница „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение.

 

Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците разговараа за стравот и вознемиреноста, но и за начините на кои можат да се смират, да побараат помош и да донесат безбедна одлука.

 

Посебно внимание беше посветено на креативниот дел, во кој учениците изработија свои „Картички за храброст“, со кои ги претставија знаците на вознемиреност, техниките што им помагаат да се смират и луѓето на кои можат да им се обратат за поддршка.

 

Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку интерактивен пристап да се поттикнат емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај најмладите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.