Без вода дел од Мичурин, намален притисок на две улици
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 14 Септември 2026
Денеска, 14 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Венјамин Мачуковски“ во Мичурин поради уличен дефект, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот е поради дефект на водоводна цевка со профил од 100 милиметри кај број 24 на улицата. Корисниците од „Венјамин Мачуковски“ ќе бидат без вода од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Во исто време, корисниците на улиците „Анастас Митрев“ и „Петар Ацев“ ќе имаат намален притисок.
Екипите на „Водовод и канализација“ работат на отстранување на дефектот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













