Градоначалникот Ѓорѓиевски го означи почетокот на изградбата на новиот парк од 71.000 квадратни метри во Ново Лисиче

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, го означија почетокот на изградбата на новиот масовен парк во населбата Ново Лисиче, во непосредна близина на ФФМ и последната автобуска станица на „5-ка“, со што просторот што со години бил дива депонија се претвора во голема зелена целина од 71.000 квадратни метри.

 

Во рамките на проектот предвидено е садење на околу 1.000 нови дрвја, од кои повеќе од 800 се листопадни, а останатите се зимзелени, што претставува директен влог во почист воздух и поздрава животна средина за најмладите.

 

Дополнително, локацијата ќе биде опремена со нови пристапни патеки, содржини и катчиња за детска игра, како и уредени зони за одмор и меѓугенерациско дружење.

 

Со реализацијата на овој проект и другите парковски иницијативи, Град Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри ново парковско зеленило, продолжувајќи со рамномерен развој на сите општини и вистинска грижа за животната средина и граѓаните. 

 

Фото извор: https://www.facebook.com/1OrceGj





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.