НЕВРЕМЕТО ГО ОДЛОЖИ КОНЦЕРТОТ: Настапот во Крива Паланка презакажан за вечерва
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 30 Август 2026
Концертот кој требаше да се одржи синоќа на Градскиот стадион во Крива Паланка е одложен поради последиците од силното невреме.
Од Општина Крива Паланка информираат дека поради неопходната проверка и безбедно ставање во функција на сценската и техничката опрема, концертот ќе се одржи вечерва, 30 август, со почеток во 20:00 часот.
Одлуката е донесена во интерес на безбедноста на публиката, изведувачите и сите ангажирани лица.
Локацијата и терминот остануваат исти – Градскиот стадион во Крива Паланка, од 20:00 часот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















