Спој на брутализмот и електронскиот звук: DULELUD го започна уникатниот аудио-визуелен проект на Меморијалната костурница во Кавадарци

Македонскиот диџеј и продуцент DULELUD ја промовираше првата епизода од својот нов серијал, кој на иновативен начин ги вкрстува електронската музика и богатото македонско архитектонско наследство.

 

Како прва локација од овој проект беше избрана Меморијалната костурница во Кавадарци, еден од најавтентичните примери на бруталистичката архитектура, која преку овој сет е претставена во сосема ново, современo светло.

 

Музичката приказна на првиот сет е обликувана низ Melodic, Progressive и Afro House звуци, каде покрај авторските изданија на DULELUD, се вклучени и ексклузивни, необјавени композиции од негови колеги и соработници.

 

Визуелниот дел од проектот е реализиран со професионална режија на Орце Поповски (PopPhoto), додека за впечатливите кадри снимени со дрон беше задолжен Нико Путица.

 

Проектот предвидува снимање на вкупно четири диџеј сетови на значајни бруталистички локации низ Македонија до крајот на 2026 година.

 

DULELUD истакнува дека главната мотивација зад овој потфат е промовирање на вредностите на нашите архитектонски објекти, кои заслужуваат да бидат препознаени на глобално ниво.

 

„Верувам дека музиката е најубавиот начин да се поврзат историјата, културата и современата уметност.

 

Целта е преку аудиовизуелно доживување да ја раскажеме приказната за овие простори и да ги поттикнеме луѓето повторно да ги откријат и доживеат на еден поинаков, современ начин“, изјави DULELUD, најавувајќи дека овој прв настап во Кавадарци е само почеток на серијалот кој допрва ќе ја открива убавината на македонското културно наследство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.