EXIT го освојува црногорското крајбрежје: Почнува фестивал со светски музички ѕвезди

Новиот фестивалски проект EXIT to Montenegro стартува овој викенд, претворајќи ги Улцињ, Велика плажа, Будва и Бечиќи во една од најатрактивните летни музички дестинации во Европа. Фестивалот ќе се одржи во два термина – од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август.

Непосредно пред почетокот, организаторите ги потврдија настапите на уште три големи имиња на електронската музика – Argy, Jamie Jones и Stephan Bodzin, кои ќе им се придружат на веќе најавените Peggy Gou, Charlotte de Witte, John Newman, Hugel, Maceo Plex и други светски изведувачи.

Првиот фестивалски дел ќе се одржи на Велика плажа во Улцињ, со акцент на музиката, природата и зачувувањето на уникатниот екосистем, а ќе биде збогатен и со спектакуларно кајтсурфинг шоу. Второто поглавје кон крајот на август се сели на плажата Бечиќи кај Будва.

Организаторите соопштија дека за фестивалот веќе пристигнале повеќе од 40.000 апликации од над 100 земји, а се очекува настанот да донесе најмалку 210.000 туристички ноќевања и повеќе од 40 милиони евра приходи за црногорскиот туризам.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.